Дефанзивецот на тимот од Фиренца почина во сон на 4. март пред мечот со Удинезе, а неговото прерано заминување ги погоди сите љубители на италијанскиит фудбал.
Десеттина илјади навивачи, фудбалери и познати личности беа на погребот на Давиде Астори, а навивачите од него се простија со многу транспаренти и испишани пораки по целиот град.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ниедна порака која ја оставија нема да биде уништена. Раководството на Фиорентина сите предмети ќе ги постават во музеј кој ќе биде изграден во чест на починатот фудбалер и така заекогаш ќе останат спомените на него.
На овој потег се одлучија по разговорот со семејството, а музејот ќе биде отворен во следниот период. Покрај тоа, неговиот број 13 кој го носеше во Фиорентина, ќе биде повлечен од употреба.
Астори за Фиорентина одигра 109 натпревари и постигна три погодоци, а настапуваше уште за Рома, Каљари, Кремонесе, додека за селекцијата на Италија настапи 14 пати.