Дома Фудбал Останато Во Србија за помалку од две години се наместиле 48 натпревари во најсилната лига!?

Во Србија за помалку од две години се наместиле 48 натпревари во најсилната лига!?

Европската куќа на фудбалот добила информации за наместени натпревари од компанијата „Спорт радар“.

УЕФА се сомнева во регуларноста на дури 48 натпревари во последната година ипол во српската Суперлига, пренесува „Телеграф“. Како што се наведува станува збор за 33 натпревари во претходното првенство, а 15 во рамките на актуелната сезона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот оваа информација ја доби од компанијата „Спорт радар“, која открива системи за наместени натпревари ширум светот и врши мониторинг на повеќе од 32.000 натпревари во Европа секоја година. Под надзор се наоѓаат и натпревари од натпреварувањата на УЕФА и првите два ранга во секоја земја.

Истиот извор наведува дека Србија е една од двете земји кои се под најголемо сомневање на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …