Деветкратниот светски шампион Валентино Роси на денешната прес-конференција потврди дека на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата во мото-спортот.
Претходно Роси најави дека одлуката за својата иднина ќе ја донесе во текот на летната пауза, а имаше две опции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да ја заврши кариерата или да продолжи барем уште една, на крајот сепак реши тука да биде крајот.
„Тежок момент за мене. Поминав низ долго и забавно патување. Неверојатно е да се биде во мото-спортот 25-26 години, доживеав многу моменти кои никогаш нема да ги заборавам“, изјави Роси.