Германски Лајпциг според последните информации на медиумите понудил 30 милиони евра за услугите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, но таа понуда била недоволна Де Лаурентис да му дозволи на македонскиот репрезентативец да си замине.
Во првото коло од Серија А, Елмас како и во најголем дел од минатата сезона влезе од клупата во последните 15-тина минути од средбата. Лајпциг сакаше да го доведе Елмас како замена за Конрад Лајмер и Доминик Собослаи кои се преселија во Баерн и Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така се наведува дека Наполи сака да го продолжи договорот на Елмас кој истекува во 2025 година. Според информациите на медиумите, наводно Елмас засега одбива да стави потпис и преговорите ќе продолжат.
Leipzig offered Euro 30M for #Elmas but Napoli refused. However, the player is undecided on renewal of the contract, which expires in 2025. The Macedonian is reflecting.
— Napoli Zone (@TheNapoliZone) August 23, 2023
(@CorSport 🌗) pic.twitter.com/jbZHoAyifs