Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски јавно ја критикуваше трансфер политиката на клубот и изјави дека раководството треба да троши повеќе пари.
Левандовски изјави дека Баерн треба да троши повеќе пари за топ засилувања, бидејќи само така ќе биде конкурентен за најпрестижните трофеи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полскиот напаѓач веднаш доби одговор од извршниот претседател Карл-Хајнц Румениге кој му порача дека ќе сноси последици за јавните критики.
„Немој само Левандовски да зборува за тоа. Негово е да работи на теренот, бидејќи е врабитен кај нас и заработува огромни пари. Жал ми е што разговараме на овој начин, но секој кој јавно го критикува клубот, ќе мора да се соочи со последици“, изјави Румениге.
„Очигледно Роберт е под влијание на неговиот менаџер кој сака да го однесе во ПСЖ. Вистина е дека трансферите на ПСЖ иритираат, но ајде да видиме што ќе освојат. Многу клубови се уморија од обидување да „купат“ трофеи“, заклучи директорот на Баварците.