Дома Трансфер зона Во Манчестер Јунајтед е вишок, но за него се заинтересирани три клуба од Премиер лигата

Во Манчестер Јунајтед е вишок, но за него се заинтересирани три клуба од Премиер лигата

Манчестер Јунајтед во новата сезона ќе влезе со доста променет состав.

Спроед информациите кои ги пишува „Daily Star“, дресот на „Црвените ѓаволи“ од следната сезона нема да го носи Крис Смолинг, 27-годишниот репрезентативец на Англија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Самиот Мурињо му кажал на Смолинг дека нема да му биде потребен следната сезона, со оглед на тоа што Јунајтед го договори Линделоф од Бенфика, а за услугите на Смолинг заинтересирани се три клуба од Премиер лигата – Евертон, Кристал Палас и Вест Хем.

Крис Смолинг во Манчестер Јунајтед пристигна уште во 2010. година од Фулам за осум милиони евра, а се шпекулира дека Манчестер Јунајтед од неговата продажба ќе заработи околку 20 милиони евра, што е двојно повеќе од сумата која го купи од Фулам.

Во минатата сезона, Смолинг одигра 18 натпревари во Премиер лигата, од вкупно 36 во сите натпреварувања, и постигна два гола со исто толку аситенции

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…