Дома Фудбал Англија Во клубот е само неколку месеци, а веќе испишува историја!

Во клубот е само неколку месеци, а веќе испишува историја!

lacasete

Иако во клубот е само неколку месеци, францускиот напаѓач Александар Лаказет, веќе испишува историја во дресот на англискиот гигант Арсенал.

Лаказет во вчерашната победа против ВБА ги постигна двата погодоци за „топџиите“ и така стана првиот фудбалер на Арсенал кој се запишал во листата на стрелци на првите три домашни натпревари.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Серијата ја започна против Лестер, потоа следуваше гол против Бурнемоут и сега два против ВБА.

Последниот играч на кој му успеало вакво нешто беше Брајан Марвуд во 1988 година. Вториот погодок против ВБА Лаказет го постигна од пенал, а тоа беше јубилеен 100 реализиран пенал на Арсенал во Премиер лигата.

Лаказет во Арсенал пристигна ова лето од Лион за сума од 53 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Незапамтена шлаканица за Лука Модриќ од соблекувалната на Реал Мадрид

Јавноста во Мадрид тешко го прифати срамот на Реал против Арсенал (3:0) во првиот дуел од …