Дома Фудбал Италија Во италијанскиот куп од наредната сезона ќе може да учествуваат само најсилните

Во италијанскиот куп од наредната сезона ќе може да учествуваат само најсилните

Италијанскиот фудбалски куп ќе го промени форматот на натпреварување и во него од следната сезона ќе настапуваат само екипи од Серија А и Серија Б.

Во натпреварувањето до сега во воведната фаза можеа да настапуваат и екипи кои се натпреваруваат во третиот и четвртиот ранг од италијанскиот фудбал, но од следната сезона тоа нема да биде случај.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Според она што се пишува во италијанските медиуми до промена доаѓа за натпреварувањето да биде повеќе примамливо за носителите на права на телевизиските преноси.

Сезонава во италијанскиот куп ниту една екипа која се натпреварува под Серија Б не го помина третото коло. Финалето се игра на 19. мај и во него ќе се сретнат Јувентус и Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бомба од НБА: Манчестер Јунајтед даде зелено светло, но тоа не е сè!

Големиот европски фудбалски клуб наводно се согласи да учествува во европскиот проект на Н…