Дома Фудбал Италија Во Италија ќе воведат ново правило за користење на ВАР

Во Италија ќе воведат ново правило за користење на ВАР

Претседателот на Серија „А“, Лоренцо Касини, призна дека веќе се размислува за промени во користењето на ВАР технологијата во италијанскиот фудбал.

Се повеќе тренери и играчи се незадоволни од начинот на кој се користат видео репризите денес. Затоа, Касини призна дека е подготвен да направи промени, а идеи може да се земат од тенисот, каде играчите имаат право на три оспорувања на судиските одлуки.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Верувам дека треба да размислиме за некои подобрувања. Една идеја што ми се чини разумна е воведувањето оспорување. Да им се дозволи на тренерите еднаш или двапати во натпревар да побараат преиспитување на одлуката. Ова ќе се обиде да ги намали проблемите и тензијата за време на натпреварите“, изјави Касини.

Во оваа фаза, сепак, ова е само идеја и сигурно нема да влезе во употреба во сезоната 2022/23.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Директорите на Јунајтед треба да се уапсат што го пуштија Мектоминеј

Паоло Ди Канио смета дека најголемата „кражба“ на овој преоден рок е трансферот на Скот Ме…