Овој викенд македонската фудбалска јавност беше воодушевена од сликите од натпреварот од натпреварот од втората македонска лига помеѓу Тиквеш и Вардар Неготино.
Како ретко кога во нашава земја (и кога е прволигашкиот фудбал во прашање) трибините беа полни, а навивачите создаваа одлична атмосфера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На овој натпревар се постигна и еден одличен погодок во режија на Андреј Лазаров кој доби топка надвор од шеснаесетникот и со еден мајсторски соло продор успеа да ја погоди мрежата на гостинскиот голман.
Андреј Лазаров е фудбалер кој има само 19 години и очигледно има голем потенцијал.