Дома Останати Кошарка НБА Во вечерта кога светот тагуваше по Коби случајноста си поигра со бројките на Јанг и Букер

Во вечерта кога светот тагуваше по Коби случајноста си поигра со бројките на Јанг и Букер

Во ноќта кога целиот свет тагуваше во НБА се играа натпревари.

НБА донесе одлука и покрај трагичната смрт на Коби Брајант закажаните натпревари да не се одложат. Вчера се играше во Детроит, Кливленд, Денвер, Филаделфија, Минеаполис и Сан Антонио.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Статистичарите денес дојдоа до заклучок дека по игра на случајност Трае Јанг и Девин Букер, кошаркари кои растеа со Брајант како идол заедно уфрлија 81 поен. Трае уфрли 45, а Девин 36 поени.

Исто толку поени самиот Коби постигна во Торонто на 22. јануари 2006 година.

За работата да биде по чудна Јанг и Букер имаа по 24 обиди од игра, бројот кој Коби го носеше во поголемиот дел од кариерата. Покрај тоа Јанг имаше и 81% на шут од слободни фрлања што повторно не враќа на тие 81 поени.

Бројките сега ништо не вредат, но 8, 24 и 81 се бројки кои секогаш ќе не потсетуваат на еден од најголемите на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Проблем за Далас, се повреди Дончиќ

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ се здоби со повреда на зглобот на десната рака, објавија та…