Дома Фудбал Останато Во Абердин бесни: ВАР поништи чист гол на Миовски за голем пресврт!

Во Абердин бесни: ВАР поништи чист гол на Миовски за голем пресврт!

Бојан Миовски можеше одново да биде херој на Абердин, но ВАР не дозволи.

Абердин во вчерашниот натпревар се врати од 0:3 до 3:3, а Миовски ја затресе мрежата за 4:3. Сепак, судиите реагираа и го поништија голот поради недозволена позиција.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


На повторената снимка изгледаше дека ситуацијата е регуларна, но изненадувањето пристигна кога се нацртаа линиите.

По натпреварот, тренерот на Абердин, Нил Ворнок отворено зборуваше за оваа судиска одлука.

„Ги видов линиите и не можам да разберам кој ги нацрта. Никој не може да ме убеди дека голот на Миовски е офсајд“, изјави Ворнок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германскиот репортер го изнервира капитенот на Баерн

Мануел Нојер не успеа да ја зачува мрежата на Баерн недопрена во вторникот вечерта при гос…