Eкипата на Вардар го зацврсти врвот на табелата откако славеше на гости кај Каменица Саса со 0:3.
Натпреварот беше отворен со голот на Дарко Мицевски од пенал, а во второто полувреме за победа се погрижија Јаневски и Жоглев кои го поставија конечниот резултат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пелистер беше изненаден на гостувањето кај Детонит Плачковица со 1:0. Гостивар одигра реми без голови против Беласица.
Воска која е второпласирана ја оправда фаворитската улога против Слога Виница со 3:0. Понижување доживеа Тетекс кој беше поразен со 6:1 од Беса. Охрид освои три бода на гости кај Борец, Караорман забележа триумф против Аресими со 2:0.