Дома Македонски спорт Мак фудбал Влезниците за мечот Македонија – Германија во продажба од понеделник

Влезниците за мечот Македонија – Германија во продажба од понеделник

Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, од понеделник, 4. октомври започнува со продажба на билети за квалификацискиот натпревар на македонската А репрезентација против Германија кој ќе се одигра на 11. октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Влезниците ќе се продаваат по цена од 100. денари за западната трибина, 300 денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 од јужната трибина и блоковите 13, 18, 19 и 24 од северната трибина и 500 денари за централните блокови од јужната и северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. 


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостинските навивачи. 

Бројот на љубители на фудбалот кои ќе присуствуваат на Националната арена „Тодор Проески“ за мечот Македонија – Германија е ограничен на 50 проценти од вкупниот капацитет согласно мерките утврдени за заштита од вирусот Ковид-19 и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…