Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ игра во одлична форма и со своите голови во последниот период ја одржува „старата дама“ во битката за титулата.
Беше Влаховиќ одличен и вчера против Лече, натпревар во кој ги постигна двата гола. По натпреварот српскиот напаѓач одговараше на прашањата на новинарите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од новинарите го спореди со Кристијано Роналдо бидејќи на Португалецот во клубот од Торино не му успеа да постигне по два гола на два натпревари во низа, нешто што Влаховиќ го направи.
Сепак, Влаховиќ порача да не се претерува.
„Споредби со Роналдо? Да не претеруваме…Не би можел да постигнам гол без моите соиграчи, благодарен сум им и се надевам вака ќе продолжиме“, изјави Влаховиќ.