Дома Македонски спорт Влатко Дробаров добил повик да игра за Бугарија?

Влатко Дробаров добил повик да игра за Бугарија?

Бугарскиот портал „Спортал.бг“ пишува дека македонскиот фудбалер Влатко Дробаров би можел да игра за бугарската репрезентација.

Добаров настапува за тимот на Черно Море и и би можел да биде ново име кај селекторот Јасен Петров. Како што е објавено Дробаров поседувал бугарски пасош и би можел да игра за репрезентацијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Инаку, тој има 28 години и за Черно Море игра од 2020.

Во својата кариера играше во македонското првенство за тимовите на Скопје, Тетекс, Напредок и Беласица, а има авантури во Мексико, Саудиска Арабија, Индија, Ерменија и Кипар.

Дали Дробаров навистина добил повик сигурно ќе се знае за две недели кога селекторот на Бугарија ќе го објави списокот за мундијалските квалификации во септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…