Сезоната во Серија А би можела целосно да биде запрена по последните мерки што ги презеде владата на Италија. Во 11 провинции е прогласен црвен аларм, што значи дека движењето и собирите се сведени на минимум.
Со последната одлука на владата во 11 провинции меѓу кои е и најзагрозената Ломбардија прогласена е црвена тревога, односно движењето на отворено е сведено на минимум.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Претседателот на Асоцијацијата на професионалните фудбалери во Италја, Дамиано Томаси, побара да бидат стопирани натпреварите во Серија А.
„Треба да го прекинеме првенството. Што друго е потребно? Стоп за фудбалот“. Зборував со многу директори на клубови, време е да се запре со фудбал. Ситуацијата е сериозна, не можеме од фудбалерите да бараме на сила да играат фудбал“, изјави Томаси.
Денес на програмата во Серија А се играат одложените натпревари од минатиот викенд, со што ќе биде комплетирано 26-то коло, па останува да видиме дали тоа ќе биде и последно.