Дома Фудбал Репрезентации Вклучен алармот во Германија: Ни треба помош, нашата репрезентација е срам!

Вклучен алармот во Германија: Ни треба помош, нашата репрезентација е срам!

Германската репрезентација доби место на Европското првенство во 2024 година како домаќин, па не мораше да го обезбедува преку квалификациите, а прашање е дали ќе го обезбедеше ако се погледне формата во која игра оваа селекција.

На последниот пријателски натпревар беа поразени од Австрија и тоа беше втор пораз во низа во пријателските натпревар ии трет без победа. Во претходниот циклус Германците ремизираа со Мексико, а во овој беа поразени и од Турција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новинарот на „Скај Спорт“, Флроија Плетенберг објави колумна во која се обиде да објасни колку е лоша ситуацијата во германската репрезентација.

„Во вторникот вечерта на Ернст Хапел во Виена играше екипа која одлично беше поддржана од своите навивачи. Покажа јасен стил на игра во која може да се препознае механизам и добра работа. Додека на друга страна беше Германија, без емоција и идеја. Ни треба помош, нашата репрезентација е срам!“, пишува Плетенберг.

„Овој тим е составен од поединци кои не сакаат да создадат компактна група на играчи. Овие играчи изгледаат како да се без желба, преценти и оптеретени. Овој тим не е тим. Недостасува дух. За да ни донесе радост на Европското првенство потребно е да се подобри во буквално секој дел“, продолжува во текстот.

Текстот го завршува со коментар за селекторот Нагелсман.

„Жал ми е! Сега се покажува дека сојузот погреши со отказот за Ханси Флик. Нагелсман имаше премалку време за својата идеја да ја пренесе на екипата. Можеме да бидеме среќни што сме избрани за домаќините на Европското првенство“, истакнува новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…