Дома Фудбал Виљареал – Атлетик Билбао: Ќе одлучуваат нијанси, но „Жолтата подморница” има предност

Виљареал – Атлетик Билбао: Ќе одлучуваат нијанси, но „Жолтата подморница” има предност

Виљареал е домаќин на Атлетик Билбао во еден од најинтересните натпревари од вонредното коло во шпанската Ла Лига. Домаќинот има подобар старт на сезоната и има поквалитетен тим, но Атлетик Билбао сака да се стабилизира откако игра топло-ладно од стартот на сезоната.

Одлична полусезона на “Жолтата подморница”

Виљaреал ќе се обиде да оствари победа против Атлетик Билбао, со што ќе се искачи повисоко на врвот на табелата. Жолтата подморница ќе влезе во натпреварот по победата над Осасуна со 1:3 во сабота, со што беше прекината серијата од четири нерешени средби по ред. Сега, Виљареал останува со само еден пораз сезонава, шест победи и дури седум нерешени средби и има само четири бода помалку од лидерите Атлетико и Реал Мадрид.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Виљареал успеа да го резервира своето место во второто коло од Копа дел Реј благодарение на победата од 0:6 на гостувањето кај Леива минатата недела, додека тие се пласираа во елиминациските натпревари и во Лигата на Европа и ќе се соочат со австрискиот гигант Ред Бул Салцбург кон крајот на февруари.

Екипата на Емери сигурно ќе сака да се избори за пласман меѓу првите четири во Ла Лига оваа сезона, но тие ќе треба да ги подобрат резултатите и оние многу нерешени средби да ги претворат во победи. Играат одлично во одбраната, но се слаби во офанзива. Постигнаа само 19 гола на своите 14 натпревари.

Но, Виљареал всушност не го победи Атлетик во лигата од септември 2018 година и претрпе пораз од клубот од Баскија со 1:0 кога двата тима последен пат играа во март.

Атлетик игра послабо од очекувањата

Атлетик се бори за постојаност оваа сезона. Екипата игра топло-ладно и е тешко да се предвидат нивните натпревари. Но избраниците на Гаизка Гаритано успеаа да се преселат во горната половина на табелата благодарение на домашната победа над Хуеска со 2:0 во петокот вечерта.

Победата беше прва за тимот од Баскија во лигата во скоро еден месец, и тие сега собраа 17 поени од 14-те натпревари благодарение на пет победи и две ремија.

Атлетик има два тешки натпревари пред да ја заврши годината бидејќи после мечот со Виљареал ќе биде домаќин на Реал Сосиедад и секако дека ќе се смета за успех доколку успеат да влезат во 2021 година од горниот дел на табелата.

Екипата на Гаритано минатиот мандат заврши на 11-то место во Ла Лига, но тие го освоија седмото, петтото и повторно седмото меѓу 2014 и 2017 година и последен пат играа во Лигата на Европа за време на сезоната 2017-18. Годинава имаа такви амбиции, но од оваа гледна точка тоа изгледа далечно.

Наш предлог:

Да паднат Под 2.5 гола @ 1.70 во 10Bet

Победа на Виљареал @ 2.00 во 10Bet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…