Белгискиот играч, Аксел Витсел наскоро би можел да го напушти кинескиот Тијанџин Квандијан и да ја засили Борусија Дормтунд во трансфер вреден 20 милиони евра, пренесуваат германските медиуми.
Освојувачот на бронзата со Белгијците на последниот Мундијал, наводно, би требало да допатува во Германија, да ги изврши медицинските прегледи и да ја официјализира соработката со Милионерите. Тој би требало да биде шестото засилување на клубот од Дормтунд.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Витсел потекнува од Стандард Лиеж, од кој во 2011. година се пресели во Бенфика. Во Лисабон се задржа сезона пред да стане член на Зенит. Во рускиот тим играше се до зимата 2017. година кога одлучи да се пресели во Кина и да го облеше дресот на Тијанџин.