Дома Фудбал Винисус пред „Ел Класико“: Не се плашам од никого, играм во најдобриот клуб во светот

Винисус пред „Ел Класико“: Не се плашам од никого, играм во најдобриот клуб во светот

Утре Реал Мадрид и Барселона ќе го играат првиот полуфинален натпревар од шпанскиот куп.

Сите во Реал и навивачите посебно го исчекуваат поради тоа што ова ќе биде првото „Ел Класико“ за бразилскиот супер талент, Винисус Жуниор кој прикажува одлични настапи во Примера и се почесто е дел од првиот тим на „кралевите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со изјавата пред овој натпревар Винисус покажа огромна доза на самодоверба.

„Не се плашам од никого и нема зошто. Играм во Реал Мадрид, а тоа е најдобриот клуб во светот. За да ја победиме Барселона ќе треба да бидеме на највисоко ниво. Не знам дали ќе играм, тоа не можам да ви го кажам, тренерот е тој кој одлучува“, изјави Бразилецот.

Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид се игра утре од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед решен да го задржи Хари Мегваер

Раководството на Манчестер Јунајтед се подготвува да му понуди нов договор на Хари Мегваер…