Дома Топ вести Винисиус НЕ ја одби богатата понуда од Саудиска Арабија

Винисиус НЕ ја одби богатата понуда од Саудиска Арабија

Саудиските клубови успеаа да доведат голем број познати имиња од европскиот фудбал, па нема да жалат пари за ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.

Бразилецот бил контактиран од Фондот за јавни инвестиции во име на Министерството за спорт на Саудиска Арабија и на 24-годишниот фудбалер му понудиле да се пресели во некој од најголемите клубови и да биде заштитно лице на Светското првенство во 2034 година.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Наводно се работи за понуда тежка 350 милиони евра, па Винисиус не ја одбил и не ја отфрла можноста за преселба во Саудиска Арабија.

Последните информации велат дека Винисиус Јуниор ова лето сигурно нема да го напушти Реал Мадрид, бидејќи се надева дека може да ја освои „Златната топка“.

Меѓутоа, Винисиус ја оставил отворена вратата за преселба во Саудиска Арабија следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн броеше до девет, Ливерпул го освои Сан Сиро

Возбудливо и ефикасно во првото коло од ЛШ, каде Ливерпул го доби дербито со Милан, а Баер…