Барселона во текот на вчерашниот ден го официјализираше и трансферот на Витор Роке, а со него во центарот на вниманието се најде и неговиот агент Анде Кари.
Кари во гостувањето на шпанска телевизија зборуваше и за други трансфери, а откри и дека работел на трансферот на Винисиус во Барселона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Договорот беше постигнат, но кога Реал дозна, дека Винисиус е пред потпис со Барселона го покани во Мадрид. Во тие моменти тие не ни знаеа кој е…Трансферот во Мадрид беше избор на неговите агенти, ние три години работевме, но тие (агентите на Винисиус) ме измамија. Од тој ден не сум зборувал со нив“, изјави Кари.
Во меѓувреме Винисиус стана голема ѕвезда и еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид.