Изминатиов викенд на А1 базенот при СЦ Борис Трајковски се одржа 9-тиот по ред меѓународен пливачки натпревар ” 13ти Ноември ” во организација на ПК Бета Шаркс од Скопје.
Оваа година натпреварот беше одржан со почитување на посебен безбедносен протокол за одржување на пливачки натпревари без присуство на публика и со повеќе делови од вообичаено. Во два дена се пливаше во 4 квалификациони и 2 финални дела. Целиот натпревар одеше во живо со пренос на фб-страната на клубот организатор ПК Бета Шаркс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа година на овој натпревар и покрај потешкотиите за патување поради Ковид светската пандемија имаше присутни повеќе држави а значително е присуството на целокупната пливачка репрезентација на Република Чешка вклучително со пливачи освојувачи на олимписки медали, европски и светски финалисти. На овој натпревар учествуваа многу пливачи од светска класа како: Барбора Сееманова, Кристина Хорска, Јан Сефл, Ана Коларова, Јан Мицка, Нетр Војтек, Лидие Степанкова, Јан Чејка, Себастијан Лунак и др.
Репрезентацијата на Чешка учествуваше со тим од 20 пливачи и претставуваа вистинска сензација и атракција изминатиот викенд во насока на подигање на атмосферата на натпреварот и создавање на шанса за учење на многу корисни работи на нашите млади македонски пливачи. Овој тим кој котира високо во светското пливање покажа што значи дисциплина, почитување, фер плеј и однос кон организаторот и противниците и како треба да се однесуваат пливачите од највисок светски ранг.
Најдобри пливачи на натпреварот беа прогласени: – апсолутна категорија Јан Сефл – Чешка пливачка репрезентација. – категорија на пливачи родени 2004-2005 Андреј Стојановски Пк Нептун- категорија на пливачи родени 2006-2007 Јован Јанковски ПВК Орион – категорија на пливачи родени 2008-2009 Димитар Бошњаков ПК Скопје – категорија на пливачи родени 2010 и помали Никола Велковски ПК Вардар
Најдобри пливачки на натпреварот беа прогласени: – апсолутна категорија Кристина Хорска – Чешка пливачка репрезентација. – категорија на пливачки родени 2004-2005 Ева Петровска – Аква Про Скопје – категорија на пливачки родени 2006-2007 Јана Милковска – ПК Вардар 2018 – категорија на пливачки родени 2008-2009 Катја Танасковска – ПК Скопје – категорија на пливачки родени 2010 и помали Лиса Емини – ПК Немо Приштина
Најдобар тим на натпреварот беше прогласен тимот на репрезентацијата на Република Чешка.
Забележително е дека создадената атмосфера со големите светски пливачки имиња ги мотивираше македонските пливачи да соборат дури 9 национални рекорди меѓу кои еден државен апсолутен.
Соборени рекоди од страна на:
1. Миа Блажевска Еминова – ПВК Орион – нов апсолутен и младински рекорд на Македонија во дисциплина 50м делфин 27.97 сек- нов младински рекорд на Македонија во дисциплина 50м слободно 26.33 сек
2. Ева Петровска – Пк Аква Про – нов младински рекорд во дисциплината 400м слободно 4,15,84
3. Андреј Стојановски – Пк Нептун – нов кадетски рекорд во дисциплината 50м грбно 27,39
4. Стефан Цветковски – Пк Скопје – нов кадетски рекорд на Македонија во дисциплината 50м делфин 25.75
5. Јован Јанковски – ПВК Орион – нов рекорд постари пионери во дисциплината 50м делфин 27.30 сек.
6. Катја Танаскоска – Пк Скопје – нов рекорд постари пионери на Македонија во дисциплината 100м грбно 1,09,11
7. Сара Јанковиќ – Пк Скопје -нов рекорд постари пионери на Македонија во дисциплината 50м градно 36.24
8. Дарјан Андреев – Пк Скопје – нов рекорд постари пионери на Македонија во дисциплината 50м делфин 31.00