Дома Фудбал Останато Виери објасни што му недостасува на Интер

Виери објасни што му недостасува на Интер

Поранешниот напаѓач на Интер и италијанската репрезентација, Кристијан Виери го коментираше ремито на Интер против Парма (2:2).

Виери во таа прилика ги пофали Раџа Наинголан, Артуро Видал и Стефано Сенси, но истакна и дека најголем проблем на Интер е што нема замена за Ромелу Лукаку.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Лукаку нема да игра и вечерва против Реал поради повреда.

„Јас секогаш би сакал да имам четири или пет напаѓачи во тимот ако сакам да се борам за титулата во пренството и во Лигата на шампионите. Ако го нема Лукаку нема кој да го замени во нападот. Морате да имате уште еден напаѓач, Перишиќ не е доволно добар за таа позиција“, изјави Виери.

Добра работа за Конте е што Алексис Санчез се враќа во тимот откако ги пропушти последните три натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави …