Антонио Конте веднаш што беше назначен за нов тренер на Интер најави напад на Скудетото, па ова лето сигурно ќе направи реконструкција на тимот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Газета дело Спорт“ откри како треба да изгледа „новиот“ Интер и кои засилувања се очекува да пристигнат ова лето.
Конте ќе игра со својата омилена формација 3-5-2, на голот би останал Самир Хандановиќ, а во одбраната доаѓа Диего Годин, кој ќе формира трио со Скриниар и Де Врај.
Средниот ред треба да го пополнат Лазаро од Херта, Барела од Каљари, потоа Сенси од Сасуоло, Брозовиќ, а лево ќе остане Перишиќ.
Во нападот се очекува да замине Мауро Икарди, а да пристинат Џеко и Лукаку.