Дома Фудбал Италија Видео: Јазикот на Дел Пиеро, Бомбата на Сидорф, голот на Толдо…Ова се најлудите моменти од „Дербито на Италија“

Видео: Јазикот на Дел Пиеро, Бомбата на Сидорф, голот на Толдо…Ова се најлудите моменти од „Дербито на Италија“

inter juventus

За ривалството веројатно се е познато, да се потсетиме на најинтересните детали во „Дербито на Италија“ во последните 20 години…

Приказната за Јувентус и Интер на многумина им е познато, безброј пати е пишувана, но денес кога се игра новото „Дерби на Италија“ секако дека тоа е најважниот натпревар во италијанскиот фудбал, време е да се потсетиме на најлудите моменти во последните 20 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јасно е, навивачите на Интер ќе започнат од онаа најболната, поразот на „Деле Алпи“ кога предводени од Роналдо имаа одлична шанса за титулата. И денес, две децении подоцна, Џиџи Симони ќе каже дека тоа е кражба на векот, а самиот „Феномен“ дека сфатил како функционираат работите во италијанскиот фудбал.

Имено, Интер стигна како лидер во Торино, во првото полувреме Јуве водеше со голот на Дел Пиеро, а потоа Чекарини не досуди пенал после прекршкот на Јулијан над Роналдо, за во продолжение од акцијата после контра  да покаже на белата точка за домаќинот. Јуве не го реализираше пеналот, но успеа да го одбрани водството од 1:0, после тој пораз Интер се распадна во финишот од сезоната и титулата ја освои „старата дама“.

Еден од најлудите натпревари беше одигран во октомври 2002. Период кога Јуве и Интер ги имаа едни од најсилните тимови во Европа, всушност двата клуба стигнаа до полуфиналето во Лигата на шампионите. И едните и другите промашуваа, а потоа Колина досуди пенал за Јувентус во 88 минута после прекршокот на Кока над Каморанези. Дел Пиеро го совлада Толдо, изгледаше се е готово. Но, потоа во 95 минута после гужвата во шеснаесетникот во последните минути гол постигна Франческо Толдо, но подоцна голот беше припишан на Виери.

„Само го потврди голот, а јас го постигнав“, изјави Толдо по натпреварот. Јувентините протестираа бидејќи сметаа дека имало прекршок над Буфон, но Колина не се огласи, на крајот за Интер ова реми поради начинот на кој стигна беше како победа.

Таа година големите ривали одиграа уште еден натпревар за паметење со резултат 2:2. Бомбата на Сидорф ќе остане запаметена како еден од најубавите голови во ова големо дерби.

Интер знаеше да победи кога сите ги отпишуваа. Во 2003 пристигнаа со Закерони на клупата, таа година завршија како четврти на табелата, а Закерони потоа беше заменет со Хектор Купер. Купер пристигна пред натпреварот со Јувентус и токму во тој натпревар веројатно ја запишаа најважната победа во сезоната, Интер го победи фаворизираниот ривал со головите на Круз, Обафеми Мартинс, а Монтеро само го убалжи поразот за конечни 1:3.

Во 2006 година ја видовме и прославата која стана заштитен знак на Дел Пиеро. Иконата на Јувентус го изведе еден од најубавите слбободни удари во кариерата и донесе победа за гостите. Прославата со исплзен јазик во иднина стана и негов начин на радување.

2012 година, Јувентус со Конте гази се пред себе, 49 натпревари не знае за пораз на својот стадион, Интер отпишан?

Никако, лекција по фудбал, два гола на Диего Милито, Интер го растури шампионот кој поведе уште на стартот со голот на Видал, за на крај „нероаѕуирите да слават со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…