Репрезентацијата на Шпанија го отвори Мундијалот со реми против Португалија (3:3), со многу добра игра иако останаа без селекторот само два дена пред тоа.
Шпанскиот сојуз шокираше кога му врачи отказ на Лопатеги еден ден пред почетокот на Мундијалот во Русија, а на негово место пристигна Фернандо Хиро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Речиси секој предвидуваше неуспех за Шпанците, но тие против Португалија одиграа многу добар натпревар.
Исто така, многу се разговараше за тоа дека во екипата на Шпанија владее лоша атмосфера, но тие тоа го демантираа на денешниот тренинг.
Јасно се гледа дека атмосферата е на завидно ниво, иако на многумина не им е јасно што работаат на тренингот.
Spain training looks wild ? pic.twitter.com/tsTcLcIvvZ
— B/R Football (@brfootball) June 17, 2018