Лидерот на табелата Шкендија, без поголеми проблеми славеше против прилепска Победа во воведниот меч од 22-то коло од Македонската лига.
Шкендија одлично го отвори мечот и поведе уште во 9-та минута преку Марјан Радевски, а до полувремето Емани погоди за сигурна предност на тимот од Тетово.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Второто полувреме почна одлично за домаќините кои постигнаа и трет гол преку Мусилу, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Коментари