Дома Фудбал Англија Видео: Шампионскиот тим на Пеп демонстрира моќ на „Емирати“ – Арсенал потопен за едно полувреме!

Видео: Шампионскиот тим на Пеп демонстрира моќ на „Емирати“ – Арсенал потопен за едно полувреме!

Манчестер Сити вечерва буквално си поигрува со тимот на Арсенал.

Избраниците на Пеп Гвардиола демонстрираат вистинска моќ на „Емирати“ и после 45 минути игра на полувремето имаат огромна предност од 0:3. Прво Бернардо Силва во 15 минута со прекрасен погодок го отвори резултатот, Давид Силва зголеми на 28, а одличниот Сане во 33 минута погоди за веќе убедливо 0:3.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Граѓаните“ на шест минути пред крајот на полувремето имаа одлична прилика за четврти погодок, но Петар Чех го одбрани ударот на Серхио Агуеро од непосредна близина.

Арсенал во текот полувремето испрати неколку закани, но избраниците на Венгер не успеаа да создадат ниту една 100% шанса. Најсериозна закан беше ударот на Гранит Џака кој го одбрани Едерсон.

Навистина катастрофално полувреме за тимот на Арсен Венгер.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул сака да го замени Исак со напаѓач за кој ПСЖ плати 80 милиони евра!

Ливерпул има намера да го обезбеди напаѓачот Гонзало Рамош од Пари Сен-Жермен на шестмесеч…