Дома Фудбал Англија Видео: Челзи во пет минути го сруши Арсенал

Видео: Челзи во пет минути го сруши Арсенал

Арсенал и Челзи одиграа исклучително возбудливо дерби, во кое „сините“ успеаа да направат пресврт и со трите бода да си заминат од „Емирати“.

„Топџиите“ започнаа фуриозно од самиот старт и дојдоа до предност во 13-та минута со голот на Обамејанг. Неколку минути подоцна Лакзет имаше уште една олучна прилика, но не успеа да го совлада Кепа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Впечаток беше дека во текот на целото прво полувреме Арсенал беше подобар противник, но не успеа да создаде поголема предност.

Во вториот дел Челзи заигра поангажирано, создаваше шанси, додека „топџиите“ спорадично се закануваа преку контранапади. До израмнување „сините“ стигнаа во 83-та минута кога после една грешка на голманот Лено, Жоржињо немаше проблеми да ја смести топката во небранетата мрежа.

Четири минути подоцна Абрахам после еден контранапад погоди за 2:1 и голема победа на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…