Дома Фудбал Италија Видео: Чезаре, Паоло, па Даниел! Малдини „трети“ освои титула со Милан!

Видео: Чезаре, Паоло, па Даниел! Малдини „трети“ освои титула со Милан!

Династијата Малдини денес е тема број еден во Италија!

Имено, после покојниот дедо Чезаре, па таткото Паоло и најмладиот Малдини, Даниел, успеа да стигне до титула со екипата на Милан. Ваков случај до сега не се памети во италијанскиот фудбал, а веројатно ниту во светот во кој било друг спорт.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Даниел Малдини е предводник на одличната генерација на „росонерите“ за фудбалери до 16 години кои вчера и официјално станаа најдобар тим во Италија на таа возраст откако во финалето ја совладаа Рома.

Малдини јуниор на кого му се предвидува голема кариера, за разлика од неговиот брат Кристијан кој веќе има 21 години и настапува за тимот на Про Сесто може да игра како напаѓач и офанзивен играч за врска.

Кој се сеќава Даниел Малдини се „прослави“ уште во 2007 година на прославата на последната титула на Милан во Лигата на шампионите кога „стартуваше“ над Кларенс Сидорф.

Од тогаш поминаа 10 години, малиот Даниел напорно работеше и сега е на добар пат да се прослави како неговиот татко и дедо.

Да потсетиме Чезаре Малдини настапуваше за Милан во педесетите и шеесетите години. Освои четири титули во Италија и еден Куп на шампиони. Паоло го надмина својот татко и во периодот од 1985 до 2009 одигра рекорден број натпревари за славниот клуб, 647 само во Серија А. Седум пати триумфираше во домашното првенство, а пет пати успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Може ли Даниел да ја продолжи низата и да биде предводник на нов, голем Милан?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…