Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Холандската полиција не дискриминираше – Немаше милост ниту за Англичаните, ниту за домаќините

ВИДЕО: Холандската полиција не дискриминираше – Немаше милост ниту за Англичаните, ниту за домаќините

Репрезентацијата на Англија синоќа гостуваше во Амстердам, каде што во пријателскиот натпревар ја совлада Холандија со минимални 1:0.

Сепак, гостувањето на Англија го обележаа немирите на улиците во Амстердам. Во Холандија, имено, допатуваа голем број на англиски навивачи, кои почнаа да прават проблем веднаш штом пристигнаа. Вчера се појави и снимка од пијани англиски навивачи кои скокаа од мостот, со пиво ги истураа граѓаните на Амстердам и туристите кои со бродови се возеа низ каналите, за на крај да ги фрлаа велосипедите оставени на улица во вода.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Како се ближеше почетокот на натпреварот, англиските навивачи правеа се повеќе и повеќе проблеми, па мораше да интервенира и холандската полиција. Иако англиските медиуми денеска, главно, тврдат дека полицијата без причина ги тепаше навивачите на Англија, според снимките на социјалните мрежи не изгледа така.

Интервенираше и посебната единица на полицијата, која со примена на сила ги уапси англиските навивачи.

Холандската полција покажа дека подеднакво смета на сите напади, па такво нешто подоцна им се случи и на локалните навивачи кои нападнаа еден бар во кој имаше симпатизери на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо ќе биде суспендиран за првите два натпревари од Светското првенство? (Видео)

Кристијано Роналдо доби прв црвен картон во својата репрезентативна кариера долга 226 натп…