Дома Фудбал ВИДЕО Феноменалниот Влаховиќ му донесе нова победа на Јувентус

ВИДЕО Феноменалниот Влаховиќ му донесе нова победа на Јувентус

ЈУВЕНТУС не престанува да победува, а Душан Влаховиќ не престанува да постигнува голови.

Старата дама славеше на гостувањето кај Лече со резултат 0:3 во 21. коло од италијанската Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јувентус со оваа победа скокна на првото место на првенствената табела со еден бод пред Интер, со одигран натпревар повеќе.

За Јувентус оваа победа беше седма по ред во сите официјални натпреварувања, а последниот пораз го доживеа пред нешто помалку од четири месеци.

Првите два гола на натпреварот ги постигна Душан Влаховиќ (во 59. и 68. минута).

Српскиот напаѓач е во неверојатна форма. На последните пет првенствени натпревари постигна шест гола и две асистенции и се искачи на второто место во листата на стрелци во Серија А.

Бразилецот Бремер ја заврши работата за Јувентус со гол во 85. минута од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…