Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Тажна слика од НБА лигата – Ентони Дејвис не можеше да стои на нозе

ВИДЕО: Тажна слика од НБА лигата – Ентони Дејвис не можеше да стои на нозе

Ентони Дејвис синоќа се судри со ДеАндре Џордан во втората четвртина од натпреварот помеѓу Пеликанс и Клиперс (121:161) во НБА лигата и во агонија го напушти теренот.

Судирот не изгледаше така опасен, но би можел да го оддалечи Дејвис од терените месец и пол дена. Изгледа дека станува збор за фрактура на ребрата, а Дејвис имаше толку многу големи болки што не можеше да си отиде до соблекувалната, па веднаш по влегвањето во тунелот од салата се сруши на носилката која беше ставена до ѕидот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Одличниот играч на Пеликанс во февруари беше ирач на месецот во Западната конференција со 35 поени, 13 скока, 2.5 украдени топки и 2,2 блокови по натпревар. Пеликанс во тој период беше во најдобрата форма оваа сезона и покрај тоа што неколку недели играат без повредениот ДеМаркус Коусинс, кој нема да настапи до крајот на сезоната.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Силно невреме го урна кровот на култната арена „Дражен Петровиќ“ (Видео)

Силното невреме кое ја зафати Хрватска предизвика многу проблеми во секојдневниот живот на…