Манчестер Сити денес буквално го прегази Челзи во Премиер лигата со убедливи 6:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Граѓаните“ денес натпреварот кој требаше да биде дерби на колото на Островот го претворија во тежок пораз од кој „сините“ тешко ќе се опорават.
За „граѓаните“ уште еден блескав натпревар одигра Кун Агуеро кој запиша нов хет-трик, 11-ти во Премиер лигата со што се изедначи со легендарниот Алан Ширер.
После натпреварот Аргентинецот тргна по „трофејот“ за спомен од натпреварот, но тогаш судијата Мајк Дин беше расположен да си „тера“ малку мајтап со напаѓачот.