Дома Фудбал Англија Видео: Сити промашуваше пенали, Арсенал дојде до врвот!

Видео: Сити промашуваше пенали, Арсенал дојде до врвот!

Манчестер Сити и Евертон одиграа многу возбудлив натпревар кој на крајот заврши без победник, а тоа го искористи Арсенал кој ги стигна „граѓаните“ на врвот.

„Граѓаните“ не знаеја да реализираат пенали на денешната средба. Кевин де Бруин не успеа во првото, а Серхио Агуеро во второто полувреме. И двата шута ги одбрани Мартин Стекеленбург.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Тоа му овозможи на Евертон да замиине непоразен од „Етихад“, откако стигна до водство преку Лукаку, а конечниот резултат го постави Нолито во 72-та минута.


Manchester City vs Everton 1-1 All Goals… by FootballFC

Киксот на „граѓаните“ го искористи Арсенал кој на домашен терен го победи Свонси со 3:2. Тео Волкот ги постигна првите два гола за „топчиите“, но Сигурдсон намали на 2-1 пред полувремето. Озил стрелаше на стартот од вториот дел, но и Бастон уште еднаш ја погоди мрежата на Арсенал, кој од 70 минута играше и со играч помалку поради исклучувањето на Џака.


Arsenal vs Swansea City 3-2 All Goals… by DailyVideoTV

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал го пушта Зинченко без пари

Одбранбениот играч на Арсенал Олександар Зинченко може да го напушти клубот како слободен …