Илкај Гундоган ова лето од Борусија Дортмунд се пресели во Манчестер Сити, но по се изгледа сеуште не е планетарна ѕвезда бидејќи има членови на Премиер лигата кои не го познаваат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, после победата на Сити над Арсенал камерите го фатија разговорот на Клаудио Браво и Алексис Санчез. Гундонган не играше поради повреда, но беше тема на разговор помеѓу Чилеанците.
Санчез: Кој е онај?
Браво: Го повреди коленото.
Санчез: Да?
Браво: Да, пред некој ден.
Санчез: А кој е тој, кој е осумка?
Браво: Гундоган.
Санчез: Некој од младинците?
Браво: Нееее, германски репрезентативец.
Санчез: Хаха, не знам ни јас баш се.