Вечерва Македонија стигна до убедлива победа против селекцијата на Гибралтар од 4:0 и така го обезбедивме првото место во Лигата на Нации.
Натпреварот беше отворен со вистинско ремек-дело на Енис Барди во 27-та минута од натпреварот. Иако имавме уште неколку одлични прилики за зголемување на предноста уште во првите 45 минути сепак на полувремето заминавме со минимална предност.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
За втор гол чекавме до 67-та минута кога Илија Несторовски постигна погодок со глава за водство од 2:0. Несторовски беше стрелец и на третиот гол на десет минути пред крајот.
Точка на натпреварот стави Александар Трајковски со одличен гол во судиското продолжение.
Со оваа победа го обезбедивме првото место во групата, а со тоа и домаќинството во полуфиналето, каде што ќе играме против Белоррусија или Косово.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!