Дома Фудбал Видео: Реал НЕ може без Роналдо – Еспањол ги победи „кралевите“ со гол во последните секунди!

Видео: Реал НЕ може без Роналдо – Еспањол ги победи „кралевите“ со гол во последните секунди!

Реал Мадрид вечерва во рамките од 26 коло во шпанската Примера гостуваше на помалиот клуб од Каталонија, Еспањол.

Зинедин Зидан за оваа средба не сметаше на Кристиано Роналдо за кого сметаше дека му е потребен одмор. Осуството на Португалецот и тоа како се почуствува во играта на „кралевите“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Фаворитот од Мадрид не се прикажа во најдобро светло и нa крајот беше поразен 1:0 со голот во финишот на Морено.

Еспањол вечерва и тоа како беше достоен противник на Реал Мадрид, а на моменти и сериозно се закануваше по голот на Кејлор Навас. Една таква прилика домаќинот успеа да искористи во финишот од натпреварот кога мрежата на гостите ја погоди Морено.

По овој пораз, Валенсија доби прилика со победа да се искачи на третата позиција на табелата со еден бод предност во однос на Реал Мадрид.

Еспањол и во првото полувреме успеа да ја погоди мрежата на „кралевите“ но овој погодок беше поништен поради офсајд позиција.

Спорниот погодок на Еспањол од овој натпревар можете да го погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…