Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Реакцијата на Роналдо додека судијата ја прегледуваше ВАР снимката

ВИДЕО: Реакцијата на Роналдо додека судијата ја прегледуваше ВАР снимката

Фудбалерите на Јувентус изминатиот викенд на домашен терен ја совладаа Рома со 1:0 во дербито на 17-тото коло во италијанската Серија А.

„Старата дама“ без поголеми проблеми успеа да стигне до победата. Победата на Јувентус можеше да биде и со резултат 2:0, но судијата после прегледувањето на ВАР во финишот го поништи погодокот на Даглас Коста.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Многумина сметаат дека тој погодок на Коста требаше да биде признат бидејќи играчот на Рома ја продолжи акцијата после прекршокот, но судијата мислеше поинаку. После оваа средба на социјалните мрежи се појави интересно видео на кое се гледа како Роналдо ја исчекува одлуката на главниот арбитар.

Роналдо беше асистент при поништениот погодок и секако дека не му сеедно што натпреварот го заврши без асистенција или погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Општ хаос на теренот во Англија: Никој не знаеше кој кого удираше, тупаници летнаа на сите страни

Натпревар во Англија заврши со целосен хаос и сцени кои ја шокираа Англија. Играчите, член…