Хрватска го доби дербито во Групата Д и обезбеди пласман во осминафиналето, додека Аргентина со само еден бод е пред елиминација.
Во првото полувреме силите на теренот беа израмнети без многу шанси на двете страни. Аргентина го имаше поседот на топката, но најзрелата шанса ја имаше Манџукиќ кој биеше непрецизно со глава од пет метри.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во второто полувреме се започна со киксот на Кабаљеро, кој со непромислен потег му ја подари топката на Ребиќ, а овој на мајсториски начин ја смести во голот за водство од 1:0.
Тогаш Сампаоли фрли се на една карта и во игра ги стави Дибала, Игуаин и Павон, а тоа им отвори простор на „коцкестите“.
Најпрво следуваше фантастичен гол на Лука Модриќ од дваесетина метри, а печат на победата стави Ракитиќ во 92-та минута за конечни 3:0.
GOLAZOOOOOO!!!!! LUKA MODRIC TAKE A BOW!!! #ARGCRO pic.twitter.com/PrLIzKPzOd
— FIFA World Cup (@WorIdCupUpdates) June 21, 2018