Дома Фудбал Видео: „Подморницата“ тоне и со нов тренер, испушти два гола предност!

Видео: „Подморницата“ тоне и со нов тренер, испушти два гола предност!

Тимот на Виљареал испушти два гола предност против Еспањол и на крајот освои само еден бод (2:2).

„Жолтата подморница“ оваа сезона е во катастрофална форма, што дојде до промена на тренерот, но денес повторно не успеа да ги освои трите бода.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мечот почна добро за „жолтите“ кои дојдоа во водство преку Ибора во 37-та минута. Казорла во 64-та минута погоди од пенал за 2:0 и се чинеше дека Виљареал конечно ќе дојде до трите бода.

Меѓутоа, во последните 15 минути најпрво Бонера си постигна автогол, а потоа во 81-та минута Росалес израмни на 2:2.

Виљареал моментално се наоѓа на претпоследната позиција на табелата и го чека грчевита борба за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…