Давид Де Геа уште еднаш покажа дека е голман од светска класа, во овој момент можеби и најдобриот.
Шпанецот најверојатно е најдобриот играч на Манчестер Јунајтед оваа сезона, а својата одлична форма ја потврди и на натпреварот против Свонси кој „Црвените ѓаволи“ го добија со 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Де Геа на средината на второто полувреме целосно го излуди младиот напаѓач на Свонси, Абрахам. Ова 20-годишно момче во само 15 секунди упати два удари кон голот на Јунајтед, но Де Геа секогаш беше на своето место.
Маестрално!