Познато е дека некои фудбалери се склони на прекумерна симулација, но она што го направи играчот на Феенорд, Стивен Бергуис тешко дека можевме да го видиме до сега.
Натпреварот од шестото коло во холандската прва лига помеѓу Феенорд и Утрехт заврши со минималнен триумф на домаќинот, но сигурно нема да остане запаметен по резултатот или по некој спектакуларен потег кој можевме да го видиме, туку поради една бизарна ситуација која се случи во текот на самиот натпревар.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Имено, за поразот на натпреварот беше задолжен крилниот напаѓач на Феенорд и холандската репрезентација, Стивен Бергуис, кој „падна како покосен“ откако што играчот на Утрехт Вилем Јансен во поминување го чепна по главата.
Berghuis, doe ff normaal hoor. Hier mag je ook echt een schorsing voor krijgen. #feyutr pic.twitter.com/lQuqBfBeJy
— Yorin (@TheReaIYorin) September 23, 2018