Фудбалерите на ПСЖ моментално играат во гости против Лил во рамките на 21. коло во француската Лига 1.
ПСЖ во финишот на натпреварот води со 2:0, а двата гола за гостинскиот тим ги постигна Нејмар. Бразилецот за 1:0 погоди во 28. минута, додека вториот погодок го постигна од пенал на почетокот од вториот дел.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
На полувремето од натпреварот Нејмар дозна дека еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа.
Бразилецот токму вториот погодок го посвети на легендарниот американски кошаркар.
? Neymar attığı golü Kobe Bryant'a adadı.pic.twitter.com/uHn9PR8SOu
— Goal Türkiye (@GoalTurkiye) January 26, 2020