Арсенал потешко од очекувањата стигна до победа на гостувањето кај Кардиф со 3:2, а резултатот го отвори дефанзивецот Мустафи.
Мустафи кој има потекло од Гостивар симулираше двоглав орел кон својот соиграч Гранит Џака, а камерите добро го забележаа тоа.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Фудбалската федерација на Англија смета дека тоа е „политичка провокациа“, па Мустафи може да биде казнет.
Според правилата на ФА сите фудбалери „мораат да се воздржат од навредливи и провокативни гестикулации“.
Коментари