Жозе Мурињо се наоѓа пред отказ во Манчестер Јунајтед.
Никој на „Олд Трафорд“ не зборува за тоа но такво сценарио на голео се очекува. Португалецот ги губи конците во соблекувалната ,а на теренот неговиот тим практично и да не постои. Последен удар беше поразот од Вест Хем во седмото коло од Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ се 10-ти на табелата и веќе имаат девет бодови помалку од водечките Манчестер Сити и Ливерпул. Мурињо го чека натпреварот со Њукасл, па гостување кај Челзи, натпревар со Евертон…
Според новинарот на „Талк Спорт“, Тони Каскарино, Јунајтед веќе го контактирал Зидан кој наводно ја следи ситуацијата во клубот и чека замена на Мурињо.
„Јунајтед го контактираше Зидан. Тоа ми го кажа извор кој во последните години ми откриваше информации за Јунајтед и секогаш се беше точно“, изјави Каскарино.
? “A source has told me Man United are already in talks with Zidane!”
? “They are serving up TRIPE at the moment – Mourinho has to go!”@TonyCascarino62’s #MUFC rant to @GeorgieBingham is unmissable ?
[? @talkSPORTWSB] pic.twitter.com/udSpa5TBQv
— talkSPORT (@talkSPORT) September 30, 2018