Дома Топ вести Видео: Мадрид му се поклони на Иниеста – „генијалецот“ заплака!

Видео: Мадрид му се поклони на Иниеста – „генијалецот“ заплака!

Барселона синоќа по рекорден 30-ти пат го освои Купот на Шпанија, откако убедливо ја совлада Севиља со 5:0.

Како капитенот во финалето за последен пат ја предводеше Андрес Иниеста, кој го освои рекордниот 34-ти трофеј во својата кариера.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


33-годишниот „маестро“ блескаше на теренот, постигна и прекрасен гол, па на крајот ги собра овациите од целиот стадион.

Валверде реши да го извади од игра во 88-та минута, а целиот стадион „Ванда Метрополитано“ со стоечки овации го испрати „генијалецот“.

Иниеста на клупата не можеше да ги задржи емоциите и се расплака.

Иниеста одигра повеќе од 600 натпревари за Барселона, се стекна со легендарен статус, а на крајот на сезоната најверојатно ќе се пресели во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шкендија го доби противникот во квалификациите за ЛШ!

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија на стартот од квалификациите за Лигата на шампиони…