Ромелу Лукаку одлично се прилагоди на новата средина.
Белгискиот напаѓач минатото лето од Манчестер Јунајтед се пресели во Интер и изгледа дека тоа беше полн погодок за него, но и за неговиот нов клуб. Лукаку вчера против Сасуоло во победата на Интер од 4:3 постигна два гола и во Серија А е на пет гола со што е најдобар стрелец на Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лукаку одлично се прилагоди на тактичките замисли од Конте, но и во комплетната нова средина. Успеа за само три месеци да го научи италијанскиот јазик, па така на италијански зборуваше по триумфот над Сасуоло.
Иако порасна во Белгија, а поголемиот дел од животот го помина во Англија, на Лукаку му беа потребни само три месеци за да го совлада и италијанскиот јазик, додека некои не можат да го направат тоа и по многу години живеење во странска земја.